Индијка од Калкута скокнала од блконот на двокатна куќа за да се спаси од силување.
Набрзо потоа три лица се уапсени и обвинети за обид за силување.
Индиските весници пишуваат дека жената присуствувала на забава во куќата, кога тројца мажи почнале да и додеваат, ставајќи алкохол во нејзиниот пијалак.
Најблиските соседи на куќата каде се случил инцидентот и помогнале на жената која од падот претрпела повреди на главата.
Нејзината здравствена состојба се оценува како стабилна.
Во соопштението на полицијата се вели дека меѓу напаѓачите било и момчето на жената. Тројцата ќе бидат обвинети за вознемирување и уште денеска ќе бидат изведени на судење.
Полицијата соопшти дека жената се уште нема поднесено формална пријава против тројцата мажи.
Инцидентот во Калкута доби широк публицитет во индиските медиуми, што се објаснува со зачестените случаи на сексуално насилство и силување во Индија.