ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да ги поништи новите 150.000 работни места

Во СДСМ не може да се помират со фактот што Македонија оди напред, се намалува невработеноста и економијата станува се посилна. СДСМ ја сака Македонија онаква каква што ја остави – во пустош, без ниту еден реализиран проект со невработеност од 39% и десетици и десетици кредити со кои СДСМ не направи ништо освен што ја задолжи земјата. Половина од денешниот јавен долг е наследство од СДСМ. Затоа СДСМ е историја, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Во бродот што тоне наречен СДСМ очигледно не останал никој кој знае да чита економски и статистички показатели. Само така може да се објасни фактот што СДСМ не може да го види континуираниот раст на индустријата, градежништвото, услужниот сектор, странските инвестици во текот на целата година.

Во СДСМ не може да се помират со фактот што Македонија оди напред, се намалува невработеноста и економијата станува се посилна. СДСМ ја сака Македонија онаква каква што ја остави – во пустош, без ниту еден реализиран проект со невработеност од 39% и десетици и десетици кредити со кои СДСМ не направи ништо освен што ја задолжи земјата.

Немаше нови школи, патишта, болници, субвенции за земјоделците, десетици и десетици мерки за младите.

СДСМ има потреба да лаже,  да плука и упорно да не го признава напредокот на Македонија, но неможно е да ги излаже граѓаните за нешто што секој ден го гледаат.

СДСМ не може да ги избрише десетиците новоотворени фабрики низ цела Македонија како што ги затвори 684-те фабрики во свое време.

СДСМ не може да ги поништи креираните реални над 150.000 нови работни места ниту пак да ја врати невработеноста од рекордно ниските 24,6% на 39% како што изнесуваше стапката во време на СДСМ.

СДСМ не може да ги спречи успешните економски мерки и политики кои ги признаваат и Евростат и ММФ и Светска Банка и рејтинг агенциите и Европската комисија и многу други релевантни меѓународни институции. Според СДСМ и овие институции даваат лажни извештаи поради нивната блискост со ВМРО-ДПМНЕ.

Хистеријата и омразата на СДСМ очигледно зафатиле катастрофални размери. Ова говори дека веќе немаат контакт со реалноста.

Успехот на македонската економија е реален, признат и може да се види во секој град. Тој истовремено е доказ дека не успеа сценариото на СДСМ да се клекне на колена македонската економија и да се создаде стопански хаос за на тој начин да се добере до власта. Тоа не им помина на челниците на СДСМ па сега збор имаат граѓаните и ќе ги казнат СДСМ на таков суров начин на изборите, што раководтсвото на СДСМ ќе го запомне десетиот јубилеен пораз по ред како најкататсрофален и најболен.