„Спорни“ околу 75.000 гласачи – соросовите медиуми изброија 500.000

Околу 75.000 гласачи ги има само во базата на МВР но не и во другите бази на податоци, неофицијално јави Сител повикувајќи се на Извори во ДИК, пишува Прес 24. Ваквата информација предизвикала вистински шок во опозициските редови особено откако станало јасно дека бројката е дури помала и од онаа која што ја објави Дневник на почетокот од месецов и која изнесуваше 102.000 гласачи.

Соочени со шокот на Бихаќка денеска побрзаа на медиумите кои ги држат под контрола заедно со СОРОС да им достават лажни податоци според кои, над 500.000 гласачи во Македонија се фантомски.
Овие информации на опозициските медиуми ДИК денеска експресно ги демантираше.

Државната изборна комисија, по првичното разгледување на извештајот од спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од релевантните институции, одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките. Сите (вкупно 31) прашања се составен дел од Планот за вкрстени проверки, а тој е објавен на веб страната на ДИК на 25 февруари – вели Љупка Гугучевска, советник во ДИК

Таа изјави дека се очекува до утре да заврши дополнителната проверка на податоците од вкрстената анализа и дека се до официјалното усвојување на Извештајот од страна на ДИК ќе ги сметаат за шпекулации и дезинформации сите информации објавени во медиумите.

За да станете гласач кој за ДИК е спорен а за СДСМ фантомски треба да ве нема во една од базите чии податоци се вкрстуваат. Па така, ако неколку години не сте биле кај Вашиот матичен лекар или пак воопшто го немате, веднаш станувате спорен гласач, бидејќи вашето име ќе се јави во базата на МВР но не и во базата на Министерството за здравство. Спорни гласачи се и семејствата во кои живеат лица со три различни презимиња па така ако две ќерки по стапувањето во брак ги смениле презимињата но не и адресите или останале да живеат во домот на своите родители, стануваат спорени гласачи. Според гласач станувате и ако се преселите и ја смените адресата во личната карта но не и во пасошот, или пак, ако сте невработен и подолг период не се пријавувате во агенцијата за вработување.
За владејачката ВМРО-ДПМНЕ обидот на СДСМ да манипулира со јавноста и да прикаже дека Македонија е фантомска држава е вистински одраз за стравот кој владее во опозициските редови од изборите кои доаѓаат.

„СДСМ на почеток почна со спорење на гласот на 1000 граѓани, па го зголемија бројот на неколку десетици илјади, па потоа одеа со број помеѓу 150 000 и 200 000 граѓани за да дотуркаат до 500 000 граѓани кои се спорни за нивните медиуми…
Како што се зголемува стравот и паниката во СДСМ, така се зголемува и бројот на граѓани кои се спорни за СДСМ и нема да не зачуди доколку во наредните недели тој број порасне на 2 милиони.
ВМРО ДПМНЕ ги охрабрува граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите и лагите кои -секојдневно се лиферуваат од страна СДСМ и нивните медиуми и истите да ги зема со резерва.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ денеска избегна да зборува за манипулациите кои преку своите медиуми ги пушти во јавноста.

Државната изборна комисија е орган којшто ја има најголемата одговорност во Република Македонија да ја врати довербата на граѓаните во избирачкиот список, бидејќи само со чист избирачки список Република Македонија може да има фер и демократски избори што се основен  предуслов за излез од тешката политичка криза, изјави портпаролот на СДСМ
Опозициската СДСМ повеќе од еден месец се обидува да го  проблематизира избирачкиот список. За него задолжена е Државната изборна комисија каде опозицијата има мнозинство и  која ја раководи кадар токму од оваа партија. За контролата на личните документи, задолжено е Министерството за внатрешни работи на чие чело е Генералниот секретар на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.