Хард дискот со софтверот од системот е во рацете на Катица Јанева

Хард дискот со софтверот од системот е во рацете на Катица Јанева
Хард дискот со софтверот од системот е во рацете на Катица Јанева
Пред да биде уништена неупотребливата опрема, била доставена наредба за снимање на сите релевантни податоци од софтверот кои во иднина би можеле да се употребат во судска процедура, објави Пресс 24.

Овој хард диск на барање на СЈО е доставен до Катица Јанева и практично Катица Јанева има пристап до целиот софтвер и податоци кои биле содржани во системот на УБК. Со оваа информација практично и не постојат дилеми дека Комисијата уништила само стар и неупотреблив хардвер, односно директно се демантираат сите инсинуации за каква било поврзаност со уништување некакви докази, пишува порталот.