Нова жртва од ебола во Либерија

Жена починала од ебола вчера во Либерија, неколку месеци откако таа западно-африканска држава прогласи дека веќе не постои закана од вирусот.

Жртвата е регистрана неколку недели откако во соседна Гвинеја беше соопштено за нова заболен од вирусот.

Жената која починала во болница била на околу 30 години, соопшти Министерството за здравство на Либерија.

Над 11.300 луѓе ги загубија животите во Гвинеја, Либерија и во Сиера Леоне во изминатите две години во најтешката епидемија од ебола. Во Либерија крај на епидемијата беше објавен во јануари.