Бонева: ДИК е подготвена за избори на 5-ти јуни

Бонева: ДИК е подготвена за избори на 5-ти јуни
Бонева: ДИК е подготвена за избори на 5-ти јуни

Членот на ДИК Силвана Бонева на денешната јавна седница на Државната изборна комисија истакна дека е задоволна од проверките кои се направени на избирачкиот список, посочувајќи дека остануваат уште мал број на случаи кои треба да бидат проверени.

-ДИК е подготвена да одговори за еден или два дена на сите спорни прашања кои се останати. Можеме да бидеме горди, ниту една земја нема ваков прочистен список преку вкрстување на податоци. ДИК е подготвена за избори на 5-ти јуни со прочистен избирачки список, вели Бонева.

Таа предлага оние над 37.000 лица кои во рамки на теренската проверка не биле пронајдени дома, да бидат објавени на интернет страната на ДИК со име, презиме и општина, и да се повикаат сами да се пријавата во подрачните единици на ДИК. Паралелно со тоа МВР да направи проверка за истите луѓе кои не биле пронајдени дома, со рок од три дена.

Дополнителни проверки преку базно вкрстување, но и преку директна проверка во ДИК, Бонева предлага да бидат направени и на мал број лица за кои дел од податоците не се јасни.

„Во однос на институционаната проверка, 90 проценти е завршено. Од Управата за водење на матични книги баравме иформацција за над 20.000 гласачи дали се почиати.Од  328.452 лица, само за 107.453 лица МВР треба да ги вкрсти базите на податоци и може да се добие бројот на гласачите кои се на привремена работа или престој во странство.Од спорни 1.629 лица само 47 се со исто име и датум на раѓање, треба да се провери во МВР. 112 лица кои се идентификувани со исто име и презиме и датум на раѓање, да се види дали се запипани на повеќе од едно избрачно место. Најден е еден човек со два различни матични броеви. 2000 лица немаат биометриска патна исправа. Таму се најдени 67 лица кои не поседуваат ни пасош ни лична карта. Се работи за минрни бројки. Во текот на денот мвр овие лица да ги провери како добиле живеалиште овие лица, врз кој основ. Од Управа за водење на матични книги за само 1184 лица неможе да го утврди состојбата“, посочи Бонева.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.