Министрите на СДСМ поднесоа оставки

Министрите на СДСМ поднесоа оставки
Министрите на СДСМ поднесоа оставки

Mинистрите и дополнителните заменици министри на СДСМ, денеска ги депонираа своите оставки исто како и на 23 февруари, кога првично требаше да се распушти Собранието пред закажаните избори за 24 април. Овој чин, како и тогаш, го врзуваат со одлуката за распуштање на парламентот донесена на 23 февруари за одржување избори на 5 јуни.

Доколку Собранието се распушти, односно доколку се одлучи да се применува Одлуката на Собранието на Македонија, донесена на 23 февруари, со којашто се врши изменување на Одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се наведува и дека според договорот од Пржино, министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ се дел од Владата којашто била формирана со цел организирање фер и кредибилни избори, откако ќе бидат исполнети сите услови и точки од тој Договор.