23 годишно момче удрило во малолетничка на Партизанска

На 11.12.2021 околу 19,20 часот на бул.„Партизански одреди“ патничко моторно возило „киа сеед“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(23) од Скопје, удрило во малолетничка од Скопје.

Со повреди се здобила малолетничката на која и е укажана помош во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.