Бата починал во сон: Детали за последните часа на Валтер

Велимир Бата Живоиновиќ ја изгуби битката со животот синоќа, а како што пишува српски Телеграф во болницата во која ги помина последните денови „Свети Сава“, починал во сон.

Од болницата за Телеграф велат дека причина за смртта на познатиот актер не е уште еден мозочен удар, туку повеќе болести кои ги имал, а прогресирале.

-Почина синоќа околу 23 часот во сон со низа здружена група болести кои ги имаше, шеќер, анемија, бибрежна инсуфиненција, срцева слабост со компликации и запушувања, практично сите крвни садови, информираат од болницата за српскиот портал.

Изворот вели дека кај нив Валтер, бил во последните десет дена.

-Што раната на ампутираната нога почна да му зараснува, тој од Дедиње е префрлен кај нас. Повремено се будеше, но беше многу лошо. Беше на сериозни антибиотици поради евентуални инфекции на раната. Причина се смртта се гангрена, срцева слабост и основната болест дијабетесот, објаснува изворот од болницата.

Телото на Бата се уште се наоѓа во болницата, а на семејството ќе му биде предадено по завршување на целокупната документација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.