Најмалку 145 загинати во серија напади во Сирија

Најмалку 145 лица го загубија животот, а околу 200 се повредени во серија напади кои денеска се случија во сириските градови Тартус и Џаблех, а кои се под контрола на претседателот Башар ал Асад.

Според кажувањата на жителите на Тартус, каде мнозинството од жителите се припадници на алавтската секта, една од целите на нападите во овој град бил и камп во кој се сместени внатрешно раселени лица од други делови на Сирија,

Според сириски владини извори нападите биле извршени со седум експлозии, кои одекнале речиси истовремено. Меѓу целите на нападите биле и автобуски станици и една болница.

Сириската државна телевизија јави дека еден од нападите врз автобуска станици во Тартус бил извршен од најмалку еден бомбаш-самоубиец со автомобил-бомба.

Државната новинска агенција Сана пак јави дека влез на автобуската станица во Џaблех бил цел на ракетен напад.

Одговорност за нападите презеде групата Исламска држава (ИД), која во соопштение објавено на Интернет наведе дека нивна цел биле припадници на алавитското верско, малцинство, на кое му припаѓа и претседателот Асад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.