Денеска судење за „Диво Насеље“

После неколку неуспешни обиди денеска се очекува да започне судењето за случајот „Диво Насеље“.

Обвинителството реши да ги спои во еден предмет, а се работи за група жители на населбата, кои се обвинети за помагање на обвинетите за тероризам. До сега причина за одложувањето беше судската сала, бидејќи требаше да бидат донесени ново обвинети кои беа дел од друг предмет.

Судскиот процес ќе се суди во големата сала на Врховниот суд, која пред две недели со решение на Владата му беше отстапена на Кривичниот суд за овој процес.

Претходно Врховниот суд забрани овој случај да се суди во салата од безбедносни причини.