Германија очекува годинава 100.000 мигранти да си заминат од земјата

Германија очекува годинава 100.000 мигранти да си заминат од земјата
Германија очекува годинава 100.000 мигранти да си заминат од земјата

Германија очекува до крајот на годината 100.000 мигранти без документи да си заминат од земјата, а германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер денеска изјави дека овој број е висок, но недоволен по минатогодишниот рекорден прилив на мигранти и бегалци, објави МИА.

-Доколкуо продолжат сегашните тенденции, ќе достигнеме вкупно меѓу 90.000 и 100.000 депортации и доброволни враќања, рече германскиот министер пред новинарите, додавајќи дека е „тоа добро, но не и доволно добро“.

Затоа, истакна тој, Германија мора да продолжи со работата за да обезбеди оние кои мораат да ја напуштат оваа земја, тоа навистина и да го сторат.

Од јануари до април годинава околу 20.000 странски државјани без дозволи за престој во Германија доброволно се вратиле, во согласност со владините програми, во земјите од кои потекнуваат.

Германија ја соопшти намерата да го забрза враќањето на луѓето на кои не им е одобрен азил, потсетуваат француските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.