Жбогар:Фер кампања и кредибилни избори во декември клучни за разрешување на кризата

– Оваа криза им нанесе сериозен удар не само на политичкиот систем, туку и на самите темели на владеењето на правото и демократскиот поредок и ја парализира земјата веќе предолго, рече Жбогар.

Тој нагласи дека декемвриските избори ќе бидат тест за одговорноста, тест за зрелоста, за нејзините лидери, за нејзините институции, за јавните службеници, за медиумите и подвлече за граѓаните.

Изрази надеж дека, како што рече, ќе успеете за вашата земја да може да се врати на евроинтегративниот пат каде што припаѓа кон значајни реформи и кон просперитетот.

Жбогар потенцира дека политичките партии играат клучна улога во демократиите и ја реализираат волјата на граѓаните.

– Јас сум оптимист и би сакал да заклучам дека навистина верувам дека со силна политичка заложба и напори од сите релевантни фактори, граѓанското општество и граѓаните проблемите ќе се разрешат и кризата ќе заврши, порача евроамбасадорот Жбогар на конференцијата што е дел од Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“ финансирана од ЕУ.