Концерт на пијанистката Даница Стојанова во Софија

203
софија
 Македонската пијанистка пред публиката во Софија ќе биде претставена од Васко Шутаров, директот на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија и Елена Драгостинова, директор на Спомен куќата “Борис Христов”. Концертот е дел од годишната програма на македонскиот Центар во Софија за 2016 година и е поддржан од Министерството за култура.
Даница Стојанова е родена во Струмица, каде го завршува основното музичко образование. Школувањето го продолжува во Средното училиште ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” во Скопје, а во меѓувреме соработува со професорите Трбојевиќ и Валдма на Музичката Академија во Белград. Своите студии по пијано ги завршува кај проф. Јокут Михајловиќ, а магистрира на ФМУ Скопје, кај проф. Е.Трпкова. Работела со светски познати музички педагози, како Жени Захариева, Акил дел Вињ, Жак Рувие, Људмила Рошчина.
Даница Стојанова како солист настапувала со Македонскта филхармонија и Видинската филхармонија (Р.Бугарија), а со свои солистички концерти се има претставувано во Бугарија, Турција, Германија, Франција, Италија, Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.