Полицијата се сомнева дека нападот на Универзитетот во Охајо бил терористички

255
охајо

Момчето осомничено дека повредило девет лица вчера изутрината во Универзитетот Охајо, за кого е наведено дека е бегалец од Сомалија, кој легално живеел во САД, со автомобил влетал меѓу пешаците, а потоа излегол и почнал со нож да боде луѓе, пред да биде убиен со огнено оружје.

Властите претходно соопштија дека најмалку девет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба.

Првичните извештаи беа конфузни, а почнаа најпрво со серија предупредувања преку Твитер, кога студентите почнле да испраќаат предупредувачки пораки.

Потоа стигнал голем број полициски возила и возила на брзата помош, а патиштата околу Универзитетот биле блокирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.