277 сообраќајни прекршоци викендов

Сообраќајната полиција, викендот санкционирала 277 учесници во сообраќајот, а кај 43 возачи е утврдено возеле под дејство на алкохол.

На 33 лица, им била измината важноста на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 17 возачи, а кај 15 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло. 13 возачи ги  управувале возила со над дозволената брзина

Исто така, евидентирани  и прекршоци за некористење на сигурносен појас, за зборување на мобилен телефон, за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин и за непрописно паркирање.

За време на викендот, спроведена е и акција на подрачјето на СВР Тетово. При тоа пет возачи се исклучени од сообраќај,  додека на уште пет лица издадени им се платни налози.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.