Забрана за пушење и на терасите во угостителските објекти

Од пред неколку денови речиси во сите угостителски објекти се забранува пушење и на терасите каде што до скоро беше дозволено пушењето.

Законот превидува глоба од 2000 до 4500 евра за правното лице кое го прекршува законот и казна од 500 до 1000 евра за одговорното лице во правното лице.

Угостителите се со поделени мислења.

Според Скопје Инфо, едните велат дека со ова се намалува прометот и дека пушачите носат сериозни приходи, а други велат дека вистинско време е да се стави ред на пазарот и законот да важи за сите.

Законот за пушење стапи на сила во октомври 2010 година.

На самиот старт наиде на низа реакции и спротивставен ставови, но со мали измени и корекции истиот важи и се спроведува до денес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.