28 автобуси возеле со неисправни сопирачки во меѓуградскиот превоз

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, санкционираше 28 возила, кои вршат меѓуградски превоз на патници.

Можеби ќе ве интересира

Како што информираа денеска од МВР, 23 се санкционирани поради неисправен уред за сопирање, а пет поради други неисправности.

– Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од МВР.