28 лица ноќеска го прекршиле полицискиот час

28 лица не ја почитувале забраната за движење во текот на изминатото деноноќие во целата земја, при што приведени се 21 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

Во изминатото деноноќие на  65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација и не евидентирале прекршување на мерките.