30 дена притвор за Јахи Јахиу

На Јахи Јахија, државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, му е одредена мерка притвор од 30 дена на барање на Обвинителството за организиран криминал, потврдија од Кривичниот суд за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Јахија и негов колега, поранешен раководител, се осомничени за земање мито од околу 50 илјади евра за оддавање доверливи податоци на италијанска фирма за да победи на милионски тендер.

 

Второосомничениот во моментот не се наоѓа на територијата на нашата држава, рекоа претходно од Обвинителството.

Јахија беше уапсен рано утринава во неговиот дом во Куманово и полицијата се задржала во неговиот дом, вршејќи претрес првин таму. Потоа полицијата изврши претрес и во Министерството за информатичко општество и администрација.