30 години АРМ: Прослава в среда на воениот стадион

Македонската армија на 18 август одбележува 30 годишен јубилеј. Одбележувањето ќе започне во среда, а во АРМ ве покануваат да ја погледнете воената опрема и да уживате во музика.

-По повод одбележување на триесет годишниот јубилеј ве покануваме заедно да ја проследиме презентацијата на воена опрема, вештините кои ќе ги прикажат нашите волци, обученоста на службените кучиња и многу музика! Ве повикуваме на отворениот ден по повод одбележување на Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“, велат од АРМ.

Настанот ќе се одрж на воениот стадион во Градски парк, во среда со почеток од 18:30 часот. Најавена е и музичка програма.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.