30 години немаме правна сигурност и независно судство

Тимчо Муцунски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник во Првата изборна единица и меѓународен секретар на партијата, на вечерашната дебата на Канал 5 телевизија, истакна дека случајот Рекет е класичен пример за режијата која постои во правосудството од страна на власта.

Тој вели дека случајот Рекет е класичен пример за режијата од страна на власта, за тоа говори фактот што обвинителот не можеше да докаже каде се средствата, а целта на тоа е да се замајува јавноста за спрегата којашто постои помеѓу политичката елита на СДСМ и лицата обвинети во случајот.

-Ние треба да го поправиме контитуинитетот на грешки коишто со години се провлекуваат во судството затоа мораме да ги исправиме, затоа што 30 години немаме правна сигурност, 30 години немаме правно, независно и деполитизирано судство, власта само го надгради истото, порача Муцунски.

Мора да се земе во предвид фактот дека ние не сме седеле со тие луѓе, но луѓето од вашата партија комуницирале со тие луѓе од случајот Рекет, и порача Муцунски на Царовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.