30-годишната пациентка што почина денеска имала тешка пневмонија, висок притисок и дијабет

Најмладата пациентка која почина денеска на 30 години имала коморбидитети.

Од ГОБ „8 Септември“ за Вечер велат дека пациентката била примена со тешка пневмонија и имала висок крвен притисок и дијабет тип 2.

Триесетгодишната пациентка од Скопје била примена во болницата на втори декември, а починала рано утрово.
Вчера почина 22-годишна родилка од Скопје.