Москва повика на дијалог меѓу Катар и неговите соседи

Русија во саботата повика на дијалог меѓу Катар и соседните сунитски земји во Персискиот залив, нудејќи дипломатско посредување во разрешување на растечката криза, во текот на средбата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со катарскиот колега шеикот Мохамед бен Абдулрахман ал-Тани.

„Си загриженост го гледа развојот на оваа ескалација… Не можеме да бидеме задоволни од ситуацијата во којашто се влошуваат односите меѓу нашите партнери. Наклонети сме на решавање на секое недоразбирање (…) преки дијалог“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред почетокот на разговорите со катарскиот министер за надворешни работи шеикот Мохамед бен Абдулрахман ал-Тани во Москва.

Русија ќе „стори сѐ што е во нејзина моќ“ за да помогне во решавањето на кризата, рече Лавров, оценувајќи дека за сузбивањето на тероризмот неопходно е единство.

Ал-Тани мерките преземени против неговата земја ги нарече „незаконски“. Доха ги оцени прекинот на дипломатските односи и блокадата против неа од страна на Саудиска Арабија и другите сунитски земји од Персискиот залив ги карактеризираше како „неоснована“ одлука.

Шефот на катарската дипломатија ненајавено допатува во Германија во петокот, од каде што продолжи за Москва. Катар во странство бара поддршка за да ја избегне изолацијата којашто му ја наметнаа Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати, ЈЕмен и Бахреин на 5 јуни, а што го поздравија САД.

Овие земји го обвинуваат Катар за наводна поврзаност со „терористичките организации и со секташки групи коишто сакаат да го дестабилизираат регионот, меѓу кои со Муслиманското братство, Исламската држава и Ал Каеда“. Притоа му забележуваат и за приближување на шиитски Иран, кон кој во моментов е насочен поради блокадата на копнените и поморските граници за набавка на храна и за извоз на енергенсите со коишто овој мал емират е пребогат.

Русија во средата ги отфрли како лажни вести пишувањата на американските медиуми дека наводно руски хакери извеле кибернетички напад врз катарската новинска агенција непосредно пред избувнувањето на кризата. Катарските власти кон крајот на мај изјавила дека биле наводно жртви на хакери кои на мрежната страница на агенцијата објавиле наводно изјави на емирот – шеикот Тамим бен Хамад ал-Тани во кои го нарушил регионалниот консензус за повеќе чувствителни прашања, меѓу кои и за иранското.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.