Ристовски: Сакајќи да избега од правдата Заев заговара контрола на судскиот систем

Она на што укажувавме изминатиот период денеска се случи во судот во Скопје со случајот „Поткуп“ и тоа е најдобар показател за желбата на Зоран Заев да управува и да го контролира судството, истакна Спиро Ристовски на денешната прес-конференција.

„Денеска Зоран Заев фатен на дело како бара поткуп од 200.000 евра, сакаше да се изземе видеото на кое јасно се гледа како прави кривично дело. Сакајќи да избега од правдата, еве зошто Зоран Заев заговара контрола и завладување на судскиот систем во Република Македонија“, рече Спировски

Оцени дека намерата за партизација на судството од страна на СДСМ е со цел да се спасат челновите на оваа партија од криминалите, но истовремено да можат да конструираат монтирани политички случаи.

„Целта е ослободување од скандалозни и криминални случаи како што впрочем и бевте сведоци, случајот ‘Едно евро за Вицето’, сомнителни тендери во Струмица, случаите ‘Глобал’, ‘Цареви кули’ и други, за што им е потребно судство по нивна мерка“, обвини Ристовски.

Рече дека СДСМ креира страв кај судиите, со најавите дека ќе работи на промена на персоналниот состав на судскиот совет.

„Тоа е веќе испробан рецепт кај нив. Во претходните нивни мандати имаме искуство во кои што Македонија доби 617 судии со едно гласање без присуство на опозицијата кога токму СДС управуваше со државата“, констатираше Ристовски.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ очекува силна реакција и од Европската унија за партизирањето на судството од страна на СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Порача, исто така, дека неговата партија најостро ќе се спротистави на ваквите политики кои го уназадуваат правниот поредок во државата и нема да дозволи систем на партизација на правото и правниот систем во Република Македонија.