Стојаноска: Ќе има одговорност за криминалнот именување функционери од владата на СДСМ

Незаконското именување на функционери од владата на СДСМ значи криминал. Криминалниот почеток ќе доведе до уште поголем криминал. Секоја одлука кој ја потпишуваат незаконски именуваните директори е незаконска, истакна Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција

„Тие ќе ги блокираат институцииите. И ќе има одговорност за тоа. Дополнително, тие уште повеќе го продлабочуваат скандалот. Наместо да го повлечат предлогот на владата за директор на агенцијата за државни службеници, Спасе Глигоров кој е и член на Извршниот одбор на СДСМ, тие по принципот ‘пу пу неважи’, и на картата за кратко паметење, прават привид и викаат дека ќе се откаже од местото во Извршниот одбор на СДСМ. Тоа е уште поголем скандал. Ја лажат јавноста, фатени се во лага. Законската забрана за членување во органите на партиите се носи за да биде непартиска личност, а она што СДСМ го прави е именување на висок партиски функционер. Ова е почетокна партизација на администрацијата, и затоа толку грчевито се борат за тоа“, рече Стојаноска.

Посочи и дека ниден од новоназначените директори не ја исполнува обврската за познавање на англискиот јазик, и оти се предлагаат и именуваат непрофесионални и некомпетентнни личности.

„Законите и процедурите не се испочитувани и преку назначувањето на директорите на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив, управниот инспекторат кој е задолжен да ги штити процедурите кои СДСМ ги крши на големо“, наброи Стојаноска.

Порача дека  доколку СДСМ не се повлече,  ќе следуваат кривични тужби, затоа што како што рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, законот мора да се почитува а на безаконието мора да му се стави крај.