Трамп: Ќе ја решиме ситуацијата со Северна Кореја

© AP Photo / Manuel Balce Ceneta

Американскиот претседател изјави во вторникот дека САД „ќе ја решат“ ситуацијата со Северна Кореја по најновото ракетно лансирање на оваа земја, а американските дипломати најавија дека ќе бараат итен состанок на Советот за безбедност при Обединетите нации за ова прашање.

Претходно Пентагон објави дека проектилот лансиран од Северна Кореја паднал во близина на Јапонија, како и дека според првите процени станува збор за интерконтинентална балистичка ракета (ICBM).

Претседателот Доналд Трамп изјави дека лансирањето на проектилот не го променило „многу сериозниот“ американски пристап на ова прашање. Американскиот претседател пред една седмица повторно Северна Кореја ја стави на листата држави за коишто Вашингтон смета дека го поддржуваат тероризмот.

„Ќе ви кажам само тоа дека ќе го решиме овој проблем… тоа е ситуација којашто ќе ја решиме“, им рекол Трамп на новинарите во Белата куќа.

Дипломатски извори рекле дека САД и Јапонија ќе бараат одржување на седница на Советот за безбедност при ОН во сред на којашто ќе се расправа за балистичкиот тест на Северна Кореја, којашто од 2006 година неколкупати е ставана под санкции на светската организација поради нејзините нуклеарна и ракетна програма.

Американскиот министер за одбрана изјави дека севернокорејскиот проектил летал повеќе отколку во сите досегашни севернокорејски тестови. „Искрено, овој проектил отиде повече од претходните проби кои ги преземаа“, изјави Матис.

Пентагон објави дека првичната процена е дека истреланиот проектил бил интерконтинентална ракета, како и дека е лансиран од Саин Ниј. Проектилот летал околу1.000 километри пред да падне во Јапонското Море, проценуваат експертите на Пентагон. Се додава дека ракетата не претставувала закана за територијата на САД, ниту за нивните сојузници.

Јапонската влада објави дека проектилот летал околу 50 минути и дека паднал во морето во ексклузивната економска зона на Јапонија.

Неколку минути откако Северна Кореја го истрелала проектилот, и Јужна Кореја возвратила со пробно лансирање на ракета, објави јужнокорејската армија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во соопштение силно го осуди лансирањето на проектилот тврдејќи дека тоа претставува кршење на резолуциите н Советот за безбедност при ОН и оти ја поткопува регионалната и меѓународната безбедност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.