Топ пет филмови кои Тито никогаш не ги гледал

Јосип Броз Тито добивал на подарок филмови од сите домашни дистрибутери и постои точна евиденција кои од нив ги гледал, а кои не. Тоа ќе биде и дел од изложбата која се подготвува во Музејот на историјата во Југославија, а весникот „Блиц“  ги претставува најинтересните филмови кои ги имал, а никогаш не ги гледал.

Улогата на моето семејство во светската револуција

Филмот „Улогата на моето семејство во светската револуција“ на Бата Ченгиќ, според книгата на Бора Ќосиќ, отворено е критички настроен кон режимот, комбинирајќи уметничка и идеолошка слобода на специфичната смила на хумор. Забранет е во 1971 година.

Светиот песок

Остварувањето на Мирослав Антиќ, „Светиот песок“ никогаш официјално не бил забранет, но му е оневозможена редовна дистрибуција во кината. Филмот зборува за разочаран воен ветеран кој се обидува да го пронајде своето место во новото општество.

Мистерии на организмот

„WR Мистерии на организмот“ од Душан Макавејев е полудокументарен филм за Вилхелм Рајх, психоаналитичар кој расправа за комунизмот и сексуалноста. Филмот беше забранет 15 години.

Делии

Остварување на Миќа Поповиќ за воените ветерани кои после војната продолжуваат да си „играат“ војна. Филмот беше забранет и ставен во бункер, а иако е повикан во Кан, беше забрането да учествува на тој познат фестивал.

Пластичен Исус

Контроверзниот филм, воедно дипломска работа на Лазар Стојановиќ, го донесува портретот на бунтовнит филмаџија кој остро го критикува естаблишментот. Непримерениот приказ на Тито беше повод филмот да заврши во бункер, а Стојановиќ во затвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.