Изминатиов период, изминативе неколку години Македонија е под постојан политички притисок, минатата година „шарената револуција“ составена во најголем дел од невладините организации финансирани со сомнителни пари тие одеа по овие улици и ги фарбаа и демолираа јавните установи во Скопје и Република Македонија, тие создаваа страв и паника меѓу граѓаните, ја демолираа и канцеларијата на претседателот. Тогаш кога се движеа низ улиците рестораните, продавниците беа празни затоа што народот се плашеше да излезе на улиците, затоа што имаа говори на омраза, кршеа, демолираа и сите тоа беа не некој друг, туку говори имавме од професори на Универзитети, тие што ги учат нашите деца, ова на вечерашниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски.
Додадеи дека покрај таквите притисоци минатата година на 11 декември победи народот, победи ВМРО-ДПМНЕ и сето тоа што го правеа не им успеа да го заплашат народот.
„-ВМРО-ДПМНЕ ги користеше сите легални средства за избор на претседател на собранието и формирање на нова Влада, но граѓаните почувствуваа дека се подготвува предавство и формираа здружение наречено „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ и секојдневно маршираа мирно по улиците, се пееја песни за Македонија, песни за соживот и љубов и имаа цел да го зближат народот. Говорите од „Шарената револуција“ и „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ ќе видиме дека во говорите на „Шарената револуција“ имаше омраза, заплашување, имаше страв, а во говорите за „ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ имаше песни за патриотизам и за нашата земја. Тие на нелегален начин избраа претседател и народот влезе во парламентот и сето тоа треба да се расветли на еден демократски начин, а не со масовен прогон и апсења на луѓето кои што влегоа, вели Трајановски.
Истакна и дека се апсат обични граѓани, актери и сите оние кои што ја сакаат Македонија.
„Првично тие беа обвинети за учество во топла, а подоцна се обвинети за тероризам, како тие да се масовни убијци. Може ли да бидат терористи луѓето кои што немаат допрено оружје и немаат направено никакво насилство? Можат ли да бидат терористи луѓето кои што пеат песни за Македонија, праша Трајановски.
Заклучи и дека гревот на овие луѓе, кон актуелната власт, е тоа што ја сакаат нивната земја.