Во Мароко запленети над половина тон кокаин

Мароканските власти објави дека во неделата во Казабланка, на западот од земјата, заплениле 541 килограм кокаин, сокриен во контејнер од Јужна Америка.

Во врска со овој случај уапсени се шест лица, меѓу кои и Бразилец за кој се смета дека е мозокот на оваа злосторничка мрежа, според соопштението на Централното правосудно биро за истраги (BCIJ)

Запленети се и пет автомобили и голема сума пари. Според прелиминарните сознанија на истрагата, станува збор за меѓународни краци на мрежа и нејзини врски со картели во Латинска Америка, кои сега ја користат стратешката положба на Мароко како транзитна точка кон Европа, наведува истиот извор.

Во текот на последните десет години развиени се нови патишта на трговијата со кокаин кон Европа од централна Америка, најчесто преку западноафриканските земји и од неодамна преки северна Африка, се наведува во неодамнешниот извештај на Бирото на Обединетие нации за борба против дрогите и криминалот.

Мароканските власти последните години изведоа повеќе операции во коишто се зпалените големи количества кокаин од Јужна Америка, вклучително и рекордната заплена на 2,5 тони кокаин на почетокот од октомври 2017 година