35 милиони бегалци се движат кон Европа!

УНХЦР: Потребно е сместување за два милиони бегалци
УНХЦР: Потребно е сместување за два милиони бегалци

Унгарскиот министер за внатрешни работи, Петер Сијарто, оцени дека 30-35 милиони бегалци одат кон Европа и дека поради тоа јакнењето на границите има клучно значење.

Сијарто во интервју за „Маџар идик“ наведува дека Европската унија ја занемарила заштитата на своите граници и дека европските лидери се плашат работите „да ги наречат со вистинско име“, бидејќи им е полесо да ги критикуваат тие кои работат.

Унгарскиот министер кажал дека европските лидери постапуваат врз основа на „лажни извештаи на меѓународните медиуми“ и дека на Унгарија и е јасно дека ЕУ не може да прими стотина илјади, или милиони економскки мигранти и бегалци.

Можеме да управуваме со кризата само ако го зајакнеме Шенгенскиот систем, истакнал шефот на унгарската дипломатија.

begalci

За оградата на унгарската граница кон Србија, тој кажал дека „многу веројатно“ ќе биде ефикасно средство за прнасочување на рутата на криумчарите на луѓе, оценувајќи дека односите меѓу Белград и Будимпешта се подобри од кога било.

Сијатро оценил дека билатералните односи со соседните земји се многу важен фактор во моменталната криза, истакнувајќи одлични односи меѓу Унгарија и Словачка, додека односите со „природниот сојузник“ Хрватска ги оценил како лоши.

Сијарто денеска ќе го посети Белград.