Ди Каприо и Бред Пит се идната култна филмска двојка

Со Оскар наградениот режисер Квентин Тарантино оваа седмица предизвика разгорување на шпекулациите кога во понеделникот на отворањето на конференцијата СинемаКон во Лас Вегас, рече дека ѕвездите на неговиот иден фил Леонардо Ди Каприо и Бред Пит би можеле да го стекнат култниот статус на уште еден славен филмски тандем, како Пол Њумен и Роберт Ретфорд.

Филмот „Беше еднаш во Холивуд“, кој ќе се снима оваа а во кината ќе почне да се прикажува следната година, раскажува за убиствата коишто ги изврши „семејството Менсон“.

Сектата којашто ја водел Чарлс Менсон во 1960-те години во САД уби неколку луѓе, меѓу кои и актерката Шерон Тејт, сопруга на режисерот Роман Полански, додека била бремена.

Тарантино изјави дека неговиот деветти филм ќе биде насилен и мрачен како и „Палп фикшн“ од 1994 година.

„Сони ја јас ќе ја собереме највозбудливата и најмрачната актерска двојка уште од Пол Њумен и Роберт Ретфорд“, изјави Тарантино.  Пол Њумен, кој почина во 2008 година, играше со сега 81-годишниот Роберт Ретфорд во филмот „Скам“ од 1973 година, а култниот статус го стекнаа порано со филмот „Буч Кесиди и Санденс Кид“ од 1969 година.