36 дејности се изоставени од предлогот на СДСМ за неработен ден недела

Недела како неработен ден треба да претставува голем исчекор кон унапредување на работничките права. Ова е нешто за кое ВМРО-ДПМНЕ се залага, но пред сѐ како можност за подобрување на благосостојбата на работниците во земјава и подобро балансирање на професионалниот и приватниот живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Конечно предлогот за измена на Законот е во завршна фаза и се очекува негово објавување, но содржи 36 исклучоци. Тоа се 36 гранки, односно голем процент на вработени кои ќе мораат да продолжат да работат во недела. Мораме да го поставиме прашањето – која е суштината на овој предлог? Зошто толку многу отстапки? – паршува ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, недела неработен ден за сите трба да подразбира стесување на кругот само на оние дејности кај кои е навистина неопходно да се работи во недела, а за што во нивната програма го креирале како идно право на вработените, веднаш кога ќе се формира новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали со ова решение навистина се оди кон подобрување на работничките права или ова е само фиктивно исполнето предизборно ветување кое фактички не ќе ја исполни целта? Дали вака делумно решение кое ќе опфати помалку од 40 000 вработени, а ќе се промовира на големо дека е решение за неделата како неработен ден за сите е всушност почеток на предизборната кампања за локалните избори?! Да, токму тоа е, ќе се крева прашина за да не се види реалната слика, а тоа е дека во Македонија ништо ново и спектакуларно нема да се случи во процесот на унапредување на работничките права – смета ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.