Македонските полицијци во потрага по џек-пот

По социјалните мрежи кружи фотографија на којашто се гледа како двајца припадници на униформираниот дел од полицијата, во службени униформи, најверојатно своето слободно време го пополнуваат барајќи си ја среќата во едно од бројните електронски казина.

Непознато е засега каде е направена снимката, и во кое својство се полицијаците во казиното. Доколку се суди според снимката, двајцата се во разонода пред апаратот и, може да се претпостави, дека ја очекуваат главната премија.

Можеби, пак, двајцата полициски службеници се ангажирани дополнително како обезбедување на казината коишто се инаку честа цел на вооружени грабежи, за да го пополнат домашниот буџет. Додека не стаса ветениот „живот за сите“ и поголемите плати, како што ветуваше во кампатањата и нивниот министер Оливер Спасовски.

Но очигледно, за разлика од „обичните“ полициајци, и некои нивни надредени имаат таквии проблеми, па се решаваат јавните добра и ресурси да ги користат приватно. Како во случајот на директорот на Бирото за јавна безбедност, на пример.