На Земјата ѝ се приближува астероид со големина на Кеопсовата пирамида

Кон Земјата се приближува астероид, чијшто дијаметар е поголем од висината на Кеопсовата пирамида, објави американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Астероидот означен како 2016 NF23 агенцијата го класифицира како „потенцијално опасен“, бидејќи ќе мине покрај Земјата на растојание помало од 0,05 астрономски единици, или 7,5 милиони километри. Според процените на NASA, димензиите на астероидот се движат од 70 до 160 метри во дијаметарот.

Според научниците, астероидот се движи со брзина поголема од девет километри во секунда и на 29-ти август ќе се приближи на планетата на најблиското можно растојание.

Порано NASA објави дека во следните сто години веројатноста на судир на Земјата со кој и да е од познатите астероиди е рамна речиси на нула.