Силна бура во Словачка и Полска корнеше покриви и стебла

Многу луѓе во Полска и во Словачка се разбудиле во саботата утрото во куќи без покриви и со блокирани улици откако во текот на ноќта ги погодила силна бура.

Невремето особено силно било во јужните и источните региони на Полска. Извештаи за повредени или жртви, засега сепак нема.

Некои од жителите на полскиот град Сирпути Марки велат дека кога од работа во ноќна смена ги затекнале домовите без покрив, а некои велат дека бурата ги корнела стеблата како чкорчиња од кибрит, додека небото било толку мрачно што одвај можело да се гледа.

Готово 4.500 луѓе останеле без електрични енергија. На северот од Полска голем одрон од земјиште ја блокирал регионалната железничка пруга, објави телевизијата TVP.

Словачката телевизија ТА3 обајви аматерски снимки од поплавени улици во северниот град Мијави во петокот ноќта