38 растенија канабис пронајдени во кумановско

62

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Т.(58) од Куманово, бидејќи неовластено одгледувал и продавал марихуана.

Пријавениот, во текот на 2014 година на имот во селото Шупли Камен, кумановско, во негова сопственост, засадил и одгледувал 38 растенија „канабис“, кои при извршен преглед во неговиот дом и други простории на 10.09.2014 година, од страна на полициски службеници растенијата се пронајдени.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.