392 лица казнети за неносење маска

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во последните 24 часа казнети се 392 лица поради неносење на заштитна маска.

– Во текот на изминатото деноноќие (10/11.08.2020 година) на територијата на земјава по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 392 прекршоци -се вели во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.