Пaртијата НЕО бара толкувачка изјава за јазикот и државјанството

По завршувањеτо на уставната ревизија да се даде дополнителна толкувачка изјава во врска со јазикот и државјанството, бара заменик министерката за цивилна заштита на Грција и претседателка на партијата НЕО, Катерина Папакоста, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, Папакоста вели дека нејзиниот предлог е веќе познат, а во следните денови ќе ги повика на дијалог политичките партии.

„Сметаме дека е неопходно постоење на толкувачка изјава веднаш по завршувањето на ревизијата на Уставот на соседната земја. Поконкретно, толкувачката изјава што ја предлага НЕО, ќе одредува дека: а) јазикот на соседната земја не се однесува на античкиот македонски јазик, туку ѝ припаѓа на групата словенски јазици. б) Националноста се однесува на државјанството (citizenship), вели Папакоста во интервјуто.

Додава дека со „чувство на национална одговорност“, нејзината партија го доставува предлогот до владата, народот и политичките партии, за „засекогаш да се реши големото национално прашање, со главен критериум, почитувањето на историјата и гарантирање на грчките национални интереси“.

Катерина Папакоста, до миннатата година лани беше член и пратеник на Нова демократија, а подоцна ја формираше партијата НЕО и по реконструкцијата на крајот од август годинава, влезе во коалициската грчка влада, како заменик министер за цивилна заштита.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.