Македонија одигра доволно за трите бода против Лихтенштајн

Македонската фудбалска реперезентација со 2:0 (0:0) на гости го совлада Лихтенштајн и осви планирани три бода со коишто се приближува до пласманот во полуфиналето од Групата Д во Лигата на нации на УЕФА.

Македонската репрезентација доминираше во текот на целиот натпревар, но се чини дека фудбалерите одиграа доволно за да ја остварат планираната побнеда, а головите беа постигнати во торото полувреме, откако во првото полувреме создадоа неколку полушанси. Лихтештајн беше ориентиран на обиди од противнапади, а македонските играчи и покрај енормниот број успешни додавање тешко го пробиваат домапшниот бедем.

По четири минути игра во второто полувреме капитенот Горан Пандев доби жолт картон, што значи дека тој нема да може да игра против Гибралтар и на тој меч да дојде до својот 100-от настап за македонската репрезентација. Но веќе во следната минута токму врз Пандев опасно стартуваше Висер, па домашниот фудбалер доби втор жолт картон и беше исклучен. Слободбниот удар на работ од шеснаесетникот беше идеална позиција за Енис Барди, кој не ја пропушти шансата и прекрасно го префрли живиот ѕид и ја смести топката во мрежата на Бухел за водство на Македонија од 1:0.

Горан Пандев имаше одлична можност да го зголеми водството но неговиот волеј удар заврши во стативата од голот на Лихтенштајн. По една одлична акција во судиското продолжение Македонија зголеми на 2:0, откако Пандев го проигра Трајковски кој асистираше до Несторовски а тој од непосредна близина лесно ја затресе мрежата на домаќините и го постави конечниот резултат.

Во вториот натпревар од групата Ерменија со 6:2 славеше на гостувањето кај Гибралтар.

Последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нации македонската селекција го игра во понеделник кога во Скопје го пречекува Грибралтар. Од тој натпревар отребен е бод за да се утврди првото место, а со победа Македонија ќе биде меѓу двете најдобри првопласирани во Д лигата и полуфиналето ќе може да го игра на домашен терен.