Невреме го зафати европскиот југ

Поради поројните дождови метеоролошка служба на Шпанија соопшти во понеделникот дека има зголемена опасност од поплави во дванаесет региони, додека во снегот ги завеа областете на Алпите и Аоста, а на Сардинија се затворени уччилиштата.

Најтешка е состојбата во автономната област Валенсија. Во исто време во две од нејзини провинции, Аликанте и Валенсија, алармот за опасно време беше подигнат на највисокото „црвено”. Во другите случаи службата го подигна алармот на „жолто” или „портокалово”.

Претходно, поројни дождови наврнаа во континентална Шпанија, над Канарските и Балеарските Острови, а во некои случаи предизвикаа и поплави. Патениот сообраќај се одвива отежнато на голем број патишта.

На остров Тенерифе поради огромните барнови, предизвикани од бурата, вчера беа евакуирани жителите од една од крајбрежните згради. Силните бранови ги искршија стаклата на прозорците на првите катови на зградите.

Весникот El Mundo објави дека 83-годишна жена починала како резултат на стихијата во општина Вивиер (автономна област Галиција), откако реката Лабраб се излила од коритото поради поројните дождови.

Во Италија денеска се забележани температури под просек за овој период на годината, со силен ветер и снег на високите предели. Тројца планинари беа „заробени“ во снег во високите подрачја на Фурланија, но подоцна се спасени.

Во Фурланија во сила е предупредувањето поради силниот ветер, а снег падна на Алпите, но и во Аоста, град во северниот дел на Италија. Поради лошото време затворени се училиштата на Сардинија, а во сила е портокалово предупредување во Кампанија. Портокалов метео аларм е издаден и за Лацио.