3aeв ги навpeди Македонците муслимани, нарекувајќи ги „Тopбеши“: Тие му одговорија – ние сме Македонци!

Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија на денешната прес-конференција жестоко одговори на навредите изречени од страна на премиерот Зоран Заев кон Македонците муслимани, но и ја коментираше посебната графа на престојниот попис за Инфомакс .

Тој потенцираше дека Македонците муслимани по ништо не се разликуваат од своите браќа Македонци освен по својата вероисповест и како такви не можат да бидат запишувани во посебна графа на престојниот попис туку нивната религиска определба треба да биде запишана во графата за вероисповест.

Тој одговори и на навредите на Заев кој говорејќи за тоа како ќе бидат внесени во Уставот како посебна етничка група ги нарече „Торбеши“ и уште еднаш потенцираше дека Македонците муслимани се нераскинлив дел од македонскиот етникум.

-„Пред влезот во ЕУ, мора да го отвориме Уставот. Една од причините се помалубројните заeдници кои живеат тука и треба да се внесат. Тоа го направи Хрватска пред влезот. Имаме спремност, не само за Бугарите, туку и за Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците, Романците и други кои и да ги имаме од помалубројните етнички заедници. Ние сме отворено општество, европска земја и ќе го следиме примерот на европските земји“, изјави Заев на прес-конференцијата за презентација на новата владина агенда „Европа дома“.