4.257 блокирани … and loading или Социјални дисторзии по фејсбук и движењето на џедаите

Повторно поделби, повторно „самоомраза”, повторно закрвување  … и благодарејќи на социјалните мрежи, колку и да изгледа драматично, ама не е страшно. Македонецот пролива крв и омраза, и насилство сама виртуелно, на социјални мрежи. Од една страна добро, од друга па дава мачно чувство. Последното црковно прашање е најновото во низата каде некои од патриотите, замацани алкохолно со шљивовица и локал титоистички патриотизам, се нафрлија во крстоносна борба против секој оној кој се израдувал на веста … не нема да ја објаснувам тука, немам зошто. Не е за оној кој нема да разбере, се додека црквата ја гледаат како Институција за Давање Религиозни Услуги или Министерство за Религија. Не црквата не е тоа, не била и нема да биде, што год да си мислите.

Виртуелен Социјален Кокошарник

Мене ми е насоката кој социјалните мрежи, видов бројка која ја ставив во насловот и не сум фрапиран, затоа што од севкупно 70-80 илјади следачи и ѕиркачи и не е преголема, но колку е од хејтери толку е и од оние кои со години глумеле пријателство. Сепак, малку ми е подолг стажот, мојот фб профил е креиран во 2009-та, цифра е, нали? Цирка околу 350 годишно со персона нон-грата во мојот двор. А обично се луѓе чије мислење никој не го есапи па морааат како паразити даа се налепат некому за да докажат што се и кои се, да привлечат симпатии и партиски поени. Толерирам, до некаде, ама не секогаш и секаде.

 

Frends

Колку само тривијализиран и обезличен е тој збор на социјалните мрежи, без никаква лична опит и затоа толку лесно се преминува од демек-пријателство  во отворено не-пријателство и ругање… Треба добар тренинг не-емотивно тоа да се поднесува и “хендла” – јас сум, нескормно, џедај по тоа прашање – мастер Винду, одма вадам мечот, не мудрувам како Јода.

Пријател нема да те мрази ниту да те омаловажува заради твој став кон некоја лична работа, можеби не секогаш ќе се сложи со тебе, но кога ќе дојде критичен миг, попрво ќе му бидеш најважен ти, одошто било што друго.

Повеќето од фејзбук пријателствата се само фарса, рандом ликови кои во одреден миг ќе те фаворизираат оти така сакале во одреден миг или ќе те злоупотребат за лична цел, популарност, агенда, да одглумат праведност пред другите, иако во суштина ништо не се менува. Некои фб пријателства, навистина станаа реални пријателства и сум многу благодарен за тоа, од 70 000 fb пријатели, неколкумина навистина сакаа, се потрудија и ми станаа лични, семејни пријатели и што е најинтересно дури и кога не се согласувале со мене никогаш јавно не се кофронтирале, јавно не ме прозивале или ми го омаловажувале мојот став, ја почитувале мојата кариера и долготрајност.

Благодарен сум, искрено но крајно сум нетолерантен и не гледам причина, ако вашите светогледи се крајно и дијаметрално спротиставени со мојот, до антагонизам, зошто сте тука? Има други кои плачат за внимание.

Пријателството се базира на љубов, братска/сестринска, а љубовта е несебична, таа не гледаа бои, гледа светлина, и ја прифаќа и ја дава во бесконечна рефлексија. Нема едноставност во нејзината суштина, а дури и најпримитивниот ум ќе ја почувствува. За жал, ретко кој ќе ја разбере, особено несебичноста, толеранцијата која оди до болни граници. Треба многу нафори на литургија да се разбере иако е интуитивна, но нема друго место каде се учи и подучува за љубовта, никаде освен во црквата. Секаде се подучува за бон-тон, воспитание, но никаде љубов. Реков што реков, благодарам што не се сложувате со мене, и како слаткарот во моето маало кој имаше напишано и закачено  АКО ВИ СЕ ДОПАНДА – ПОФАЛТЕ НЕ НА СИТЕ, АКО НЕ КАЖЕТЕ МИ САМО МЕНЕ (во инбокс хахаха) … додупа не задржувајте мислење, давајте го , пишете го, имате свои профили, свој двор, свој хајд парк, па и некои кои мораат да се расправаат, уживајте таму, јас сакам мир, спокој и разбирање со моите пријатели. Многу ли барам?

Автор: Јанко Илковски за НетПрес