Вучиќ и’ порача на опозицијата дека нема да исполнува барања од улица и дека мора да го победи на избори

Српскиот претседател и челник на владејачката Српска напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, порача во неделата ден по опозицискиот протестен марп во саботата вечер во главниот град Белград дека на опозицијата нема да и’ исполни ниту едно од барањата, и дека мора да го победат на изборите, бидејќи ветувањата се исполнуваат само по изборните победи.

„Шетајте колку саката, ниено барање никогаш нема да ви го исполнам. Можете да се соберете и пет милиони. Можете само да го добието изборите. Е, кога ќе ги добиете изборите, исполнувајте го она што на народот му е ветено“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и истакна дека „нема да работи под притисоци“, како и дека по тоа се „разликува од сите други“.

Зборувајќи на партискиот собир на СНС под мотото „Силни жени за силна Србија“ во Белград, Вучиќ на протестот наречен „Стоп за крвавите кошули“ организиран по нападот вез лидер на помала опозициска партија, рече дека демонстраните може да „шетаат колку сакаат, но само без насилства, и никому да не кршат глави и да уништуваат сопственост“.

Оценувајќи дека во поворката на демонсле трантите немало многу млади луѓе, Вучиќ изјави дека во протестната поворка главно бил луше од средниот и повисокиот општествен слој, па оттаму треба да се види што е се’ причина за нивното незадоволство.

Вучиќ порача дека може да се зборува за избори, но не и за попуштање под притисок и протести. „Ако сакате избори, добро. Но, да им попуштам на вашите глупшости, не ми паѓа напамет“, истакна српскиот претседател.

Порча дека неговата партиа „секогаш ќе ја победува“ опозицијата. „Оваа нормална, пристојна Србија никогаш нема да дозволи такви дивјаци да управуваат со оваа земја“, рече Вучиќ.

Во саботата вечерта во Белград беше одрќат протестен марш под мотото „Стоп за крвавите кошули“, поттиокнат од неодамнешнот физички напад врз лидерот ан Левицата на Србија, Борко Стефановиќ, кој бил препетан пред опозициска трибина на коалицијата Сојуз за Србија во Крушевац. Нелолку илјади луѓе без инциденти и со мало полициско присуство дефилираа низ централните улици носејќи транспарентни со пораки против претседателот Вучиќ и владејачката СНС.

„Господин Вучиќ, ќе мора многу да размислувате колку глави треба да скршите за да останете на власт“, порача пред почетокот на поворката актерот Бранислав Трифуновиќ алудирајќи на споменатиот напад.zzzze

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.