ВМРО-ДПМНЕ: 2018-та е година на црнила кои криминалната власт им ги донесе на граѓаните

Оваа 2018-та година, којашто ја оставаме зад себе, е година на црнила кои токму криминалниот картел на власт им ги донесе на граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ .

Од опозициската партија истакнуваат дека Република Македонија со СДСМ на власт ја завршува најцрната година во својата историја, како и дека „криминалната власт на аболицираниот“ премиер Зоран Заев и неговата СДСМ во изминатава година донеле само црнила и уназадување за македонските граѓани. Според ВМРО-ДПМНЕ, взззззласта ги погази Уставот, законите како и волјата и достоинството на граѓаните. СДСМ насилнички и со уцени посегна кон менување на името на државата, националниот идентитет, јазикот, културата и историјата на Република Македонија

„Впрочем тоа беше и единствената работа на која беа фокусирани. Додека не бираа средства за менување на името, дозволија криминалот и насилството да владеат со улиците, а граѓаните да живеат во страв беда и сиромаштија. Граѓаните повеќе не се безбедни ниту во своите домови, ниту на своите работни места. Откако СДСМ е на власт, секојдневно сме сведоци на убиства, улични престрелки и грабежи. Власта се стави во заштита на криминалот, а за дополнително да ја загрози безбедноста на граѓаните на слобода пушти стотици криминалци кои сега слободно дивеат по улиците низ Македонија. Алчноста и корумпираноста на власта нема граници. Додека власта сама себе си делеше тендери и грантови на владини функционери, граѓаните се повеќе осиромашуваа и следната година ќе ја дочекаат во неизвесност како ќе ја преживеат“, се вели во соопштението.

Од партијата посочуваат дека ги покачија даноците, а трошоците за живот секојдневно се повеќе растат. СДСМ ја отвори спиралата на поскапување, ја покачија акцизата на дизелот и тоа резултира со поскапување на сите производи за живот па дури и на лебот.

„Неспособниот СДСМ успеа да ја забетонира македонската економија на дното во Европа. Не беа способни да реализираат ни 50 отсто од капиталните инвестиции кои самите ги проектираа. И наместо да носат инвеститори тие почнаа да ги бркаат како постојните така и потенцијалните. Доказ за тоа е падот на 68-мо место на листата за водење на бизнис на реномираниот Форбс. Нема нови работни места, нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема повисоки пензии, а нема ниту нови патишта, болници, детски градинки, студентски домови и факултети. Но затоа има вработување за членовите од семејствата на функционерите од власта и зголемување на семејните бизниси на аболицираниот Зоран Заев“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваат дека СДСМ ветуваа итни мерки за почист воздух, а речиси две години не спроведоа ниту една мерка, а СДСМ ја смести Македонија на првото место како најзагадена земја во Европа, а Скопје во 10 најзагадени градови во Светот. Илјадници граѓани ги губат своите животи како последица на загадениот воздух, додека власта си игра игрички или си дреме на собраниска седница.

„Годината ќе се памети како најлоша година за земјоделците, хаос во здравството, образование и економија на дното, но и како година во која имаше драстичен раст на криминалот и корупцијата. Граѓаните на Република Македонија не ги заслужуваат овие црнила кои СДСМ ги нанесува. Ова зло кое СДСМ секојдневно го нанесува на граѓаните и државата мора веднаш да запре и затоа СДСМ мора да си замине. Само така земјава ќе почне да напредува. Затоа граѓаните многу скоро ќе го казнат СДСМ за сите злодела и ќе ја донесат зората во Република Македонија“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.