Љубовта боли: 10 бизарни сексуални повреди

Љубовта умее да боли, па така и сексот. А, некогаш може да боли и премногу. Некои двојки толку се опуштаат во текот на експериментирањето што сериозно се повредуваат. Секоја недела барем една двојка завршува во болница поради повреди за време на секс. А, овие 10 секс повреди се наоѓаат на врвот од листата.

Претерано гризење – Нов Зеланд

Најчесто тинејерите сакаат да се гризат и да оставаат „шливки“ на телото на својот партнер како знак на својата љубов. Но она што се случило на двојка од Нов Зеланд е далеку над тоа. Двојката на возраст од околу 40 години толку се занеле што мажот на жената и направил голем крвно згрутчување кој што стигнал до срцето предизвикал инфарк, по што левата рака и’ останала парализирана.

Бакнеж за паметење – Кина

Ако мислите дека бакнувањето е безопасно, грешите. Млада двојка од Кина се залепиле при бакнување, а притисокот во устата на девојката толку порасна што и пукнало ушно тапанче. Докторите објасниле дека слухот ќе и’ се врати по неколку месеци.

Незгоден продолжеток – Русија

Григори Топоров од Русија се надевал дека продолжување на пенисот ќе му го спаси бракот. Неговата жена била одушевена од продолжетокот, па веднаш се нафрлиле на работа. Но, среде односот продолжетокот пукнал и го уништил задоволството. Неговата жена набрзо потоа поднела документи за развод.

Ужасен службен пат – Австралија

Една Австралијка имала секс во хотелска соба во која престојувала поради службен пат. За жал, при дивиот секс со партнерот го скршила лустерот, кој паднал на нив и ја удрил во глава. Се здобила со повреди на лицето и устата. Уште почудно е тоа што се случи потоа. Одлучила да ги тужи своите работодавци наместо хотелот. Не го добила случајот.

Оргазам за време на вежбање – Велика Британија

Дваесет и четиригодишна жена од Велика Британија поледува од трајно генитално нарушување поради кое констатно е возбудена. Додека играла Нинтендо Вии, паднала и истегнала нерв на погрешно место, па секоја вибрација сексуално ја стимулиа. И’ било кажано дека нема лек и дека проблемот ќе мора да го контролира сама така што ќе дише длабоко.

Експеримент со бетон – Америка

Дваесетгодишен Американец го привлекол вниманието на докторите поради необичниот објект забележан во неговиот ректум. Според извештајот, пациентот и неговиот партнер направил смеса од бетон и го истуриле низ инка. Така 275 грама бетон завршиле во пациентот. За среќа, тоа без проблеми е извадено од него и тој веќе следниот ден е пуштен од болница.

Електричен секс – Америка

Кристен Тејлор (29) од Пенсилванија починала откако добила струен удар за време на секс експеримент. Кобната ноќ сопругот и’ ставил електрични спони на брадавиците и пуштил струја низ нив. Високиот струен бран ја усмртил. Нејзиниот маж рекол дека тие го го правеле веќе неколку години и дека та ноќ немале проблеми.

Неуспешна Кама сутра – Русија

Откако набавиле Кама Сутра, двојка од Русија (двајцата во педесетите години) побрзале кон спалната соба да се обидат со нешто ново. Се одлучиле да пробаат „индрани“ поза која може да се преведе како „лежалка“. Во таа поза жената своите нозе ги става под пазувите на мажот. Таа тоа го сторила, но ја фатил грч во мускулите, па не можела да се помести. По неуспешните обиди да се ослободат, по еден час повикале брза помош.

Заглавен прстен – Америка

На еден Американец му се заглавил прстенот за пенис. Прстенот го направил сам и морала да оди во болница за да побара помош, бидејќи не можел да го извади. Докторот го замолил да потпише документи бидејќи постои можност да му го отсечат половиот орган. За среќа, успеал да го пресе прстенот, а да му го остави пенисот неповреден.

Играње со нож – Канада

Кетрин Мекаубреј (25) добила необично барање – нејзиниот партнер побарал да му изреже срце на градите. Се одлучила да се обиде. Додека се обидувала со ножот да изреже облик на срце, отишла предлабоко и го убоделе во срцетот. Против неа било покренато обвинение, но партнерот се опоравил и застанал на нејзина страна.