Судењето на каталонските функционери обвинети за бунт можен почеток на нови потреси во Шпанија

Во Мадрид во вторникот започнува судскиот процес против функционерите на Каталонија, обвините за бунт против Шпанија, кој би можел да трае три месеца и да предизвика нови тензии.

Судскиот процес против дванаесетте Каталонци кои во октомври 2017 година организира референдум за независност на покраината со 7,5 милиони жители, а потоа на основа на резултатите учествуваа во гласањето за воспоставување на самостојната република Каталонија, е најзначајното судење во Шпанија последните четири децении.

Последен пат во Шпанија се судеше за бунт против државата во 1982 година по неуспешниот обид за државен удар. Полковникот Антонио Техеро отвори оган од пиштол во парламентот во Мадрид каде што влегол придружуван од околу 200 припадници на цивилната гарда додека тенковите биле подготвени за излегување на улиците. Тој обид за воен удар пропадна, а Техеро беше осуден на максимална затворска казна од 30 години.

Во вторникот, 36 години подоцна, шпанското државно обвинителство бара 25 години затвор за Ориол Жункерас, поранешен претседател на владата на Каталонија. Меѓу другите обвинети се наоѓаат осум консејери (министри) на каталонската влада, поранешната претседателка на каталонскиот парламент и двајца лидери на невладини организации. Ним им се закануваат малку помали затворски казни, исто така, за бунт, непослушност кон власта и користење на јавни пари за организирање референдум кој го забрани шпанскиот уставен суд.

Повеќето се наоѓаат околу една година во притвор и ќе бидат испитувани од седум судии во главната сала на судот во Мадрид. Во текот на судењата кои би можело да траат до крајот на мај, а пресудите да бидат донесен летото или есента, ќе бидат испитани околу 600 сведоци. Меѓу нив и поранешниот шпански конзервативен премиер Маријано Рахој, кој беше на власт во време на референдумот, претседателот на каталонскиот парламент Роже Торент и градоначалничката на каталонската престолнина Барселона, Ада Колу.

Од понеделникот попладнето во Мадрид се засилени безбедносните мерки, отстранети се корпите за ѓубре околу зградата на судот и забранети се собирања и протести во околината.

 

Каталонците упорни во барањето независност

Каталонската влада на 1-ви октомври 2017 година организираше референдум за независност и покрај забраната на уставниот суд и шпанската влада. Според уставот донесен во 1978 година, по што Шпанија мина од диктатура во демократија, Каталонија, како и другите региони, добија своја влада, парламент, полиција, училишта и право на користење на сопствениот јазик како службен, но не и можноста за одржување референдум за целосна самостојност. Според толкувањето на уставниот суд во Мадрид, забранети се референдуми во 17-те покраини, од кои една е и Каталонија.

Каталонците, меѓутоа, излегоа на избирачките места а снимките на полицијата која со пендреци и гумени куршуми ги растерува гласачите пред влезовите и ги одзема избирачките кутии го обиколија светот. Интервенираше шпанската национална полиција и цивилната гарда, откако каталонската полиција одби да го спречи гласањето. Поборниците за останување во составот на Шпанија главно ја бојкотираа референдумот.

Врз основа на резултатот во парламентот на Барселона, во кој мнозинството мандати го имаат поборниците на независноста, беше изгласано воспоставување република Каталонија. Таа меѓутоа не заживеа во практиката, имајќи предвид дека владата во Мадрид посегна по вонредните мерки од уставот и ја суспендираше автономијата на покраината и го презема директното управување со најбогатата шпанска покраина.

Притоа Мадрид ја распушти каталонската влада и распиша вонредни парламентарни избори во Каталонија на коишто победија повторно поборниците на независноста. Каталонската влада тогаш не го повика населението на давање отпор. Пред и по прогласувањето повика на мирни и ненасилни масовни протестот.

Неколку поранешни членови на владата предводени од претседателот Карлес Пучдемон заминаа во егзил веднаш по излгасувањето на републиката, а и тие заедно со оние кои останаа во Барселона се обвинети за бунт. Белгија одби да го екстрадира Пучдемон и тој од местото Ватерло крај Брисел води меѓународна кампања во полза на независноста. Оние кои останаа беа притворени во близина на Мадрид и ќе бидеат спроведени на суд каде што ќе бидат испрашувани следните денови.

Поборниците на независноста тврдат дека тие се политички затвореници над кои се спроведува репресија, додека унитаристите и шпанската влада истакнуваат дека станува збор за „затворени политичари“ кои го прекршиле законот.

Актуелната каталонска влада бара нивно ослободување, како и претседателот на парламентот во Барселона во кој поборнициет на договорениот и меѓународно признатиот референдум имаат повеќе места. Тврдат дека обвинувањето за бунт е неоправдано, бидејќи во текот на процесот за изгласување независност не користеле насилство.

 

Процесот ќе предизвика веројатен пад на премиерот Санчез

Социјалистичкиот шпански премиер Педро Санчез, кој со поддршка на каталонските партии во јуни беше избран во парламентот за премиер, се обиде да ја ублажи оваа квалификација. Застапниците на владата во Мадрид ги обвинија само за непослушност кон власта и незаконско користење јавни пари, но државното обвинителство остана на обвинението за бунт.

Судењето почнува ден пред гласањето за буџетот во шпанскиот парламент, каде што на малцинската влада на Санчез повторно ѝ е потребна поддршката на каталонските партии. Дел од социјалистите на Санчез, меѓутоа, се побунија против премиерот, стравувајќи дека на регионалните и локалните избори во мај може да ги загубат позициите поради ваквата одлука во однос на Каталонија. Шпанската опозициска десница, пак, организираше во неделата масовни протести во Мадрид обвинувајќи го Санчез за предавство на земјата. Сметаат дека со тоа го израмнил статузсот на Шпанија и на Каталонија.

Илјадници шпански знамиња се развиорија на протестот на Плоштатот Колумбо во центарот на Мадрид, стотина метри оддалечен од судот. Станува збор за место кое е едно од највпечатливите симболи на шпанската монархија, а таму се вее и гигантското знаме на Шпанија и е поставен споменикот на Кристофер Колумбо. Десетици илјади демонстранти бараа единство на Шпанија и оставка на Санчез, а протестот ги обедини трите партии од центарот и десницата кои го организираа најмасовниот протест откако социјалистите дојдоа на власт.

Социјалистите одговорија дека никогаш немале намера да направата каква и да е отстапка којашто би го повредила уставот и целоста на Шпанија. Санчез потоа го прекина дијалогот со каталонската влада, и сосема е веројатно дека во средата ќе пропадне неговиот предлог за буџетот по што би требало да бидат распишани предвремени избори пролетва.

Каталонската влада, пак, порача дека нема да се откаже од правото на самоопределување на народот, а уште претходно ги повика Каталонците на генерален штрајк и масовни протести доколку функционерите бидат осудени. Во текот на следните седмици се очекуваат протести и на Каталонците и на поборниците на унитарна Шпанија.

Судењето навјеројатно ќе заврши пред почетокот на летната сезина, кога на примамливите плажи на Каталониа доаѓаа илјаднции странски туристи. Каталонија е туристичкиот и економски мотор на Шпанија, каде што се создаваат 19 отсто од сите производи и услуги.

Судењето кое почнува во вторникот во 10 часот по локално време ќе го следат и десетиции странски новинари. Каталонската влада им се обрати на бројни меѓународни институции и организации, вклучително и на Обединетите нации, тврдејќи дека станува збор за нечесен судски процес против луѓе кои на својот народ му ја дале можноста да го изрази своето мислење на избори. Европската комисија, извршното тело на Европската унија, одговори дека Шпанија е демократска земја во којашто ќе има праведно судење, како и дека е потребно да се почитува нејзиониот устав.

Судењето во Мадрид ќе биде следено со големо влијание и во некои делови од Европа, во прв ред во Шкотска, Фарските Острови и Корзика, со слични тежнеења за самостојност. Во Мадрид на многу згради во пресрет на судењето се истакнати шпански знамиња, додека во Каталонија масовно се носат жолти ленти, симбол на барањето за пуштање на слобода на обвинетите функционери.