Џонсон: Новиот референдум за брегзит ќе го предизвика гневот на Британците

Новиот референдум за истапувањето на Велика Британија од Европската унија би го предизвикал гневот на Британците, предупреди во саботата поранешниот шеф на дипломатијата Борис Џонсон, жесток поборник на брегзитот критикувајќи ги „копилињата“ кои ја водат ЕУ

„Мослам дека тоа не е возможно“, оцени Борис Џонсон на прес-конференцијата во индиската престолнина Њу Делхи одговарајќи на прашањето за повиците на нов референдум за брегзитот. Кампањата за референдумот од јуни 2016 година беше „многу остра и длабоко ја подели земјата“, истакна пораншениот шеф на дипломатијата и гарантираше дека и вториот референдум би ги имал истите ефекти.

Џонсон лани ја напушти владата на Тереза Меј во знак на протест поради нејзиниот нацрт договор со ЕУ со кој се предвидува останување на Велика Британија во царинската унија па пат на ткн „бекстоп“ сè додека не се реши прашањето на границата меѓу Република Ирска, членка на ЕУ и британската покраина Северна Ирска.

Британскиот парламент во меѓувреме го отфрли договорот, па британската премиерка се наоѓа среде голема политичка бура во пресрет на 29-ти март, кој е предвидениот датум за брегзит.

На индиските новинари Џонсин им кажа дека на Британците им треба „јасно да се реши брегзит-от и дека премиерката мора да го заврши заштитниот механизам на задоволство на целото Обединето Кралство“.

Притоа ги отфрли тврдењата дека брегзит-от е „ксенофобичен, националистички и реакционерен
феномен“.

„Мојата замерка кон ЕУ не е тоа што ја водат странци. Проблемот е што не знаеме кој навистина ја води. Невозможно ми е да ви кажам кои се тие, што работат, како дошле на функција или како е можно да бидат сменети“, рече Џонсон, по што му излета и невнимателната изјава дека „нема поим како да се отпуштат тие копилиња“.

„Не велам дека тие се копилиња. Но милиони и милиони луѓе во Велика Британија немаат поим за тоа како функционира системот. Тоа им е целосно непознато“, брзо се коригираше Џонсон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.