Исламската држава и натаму е закана и по „територијалниот“ пораз

И покрај тоа што арапско-курдски сили кои ги поддржуваат САД објавија во саботата дека го освоиле последното упориште на ултрарадикална сунитска организација Исламска држава во сириското село Багу, со што е избришан нејзиниот самопрогласен калифат од пред пет години, оваа џихадистичка групација останива и натаму закана поради нејзините теротистички ќелии на ткн „спијачи“ кои се инфилтрираа ширум светот изминатите години со големите белагалски бранови.

Исламската држава се појави како ограникот на Блискиот исток на терористичката организација Ал Каеда, во летото 2014 година, прогласувајќи незадоволство од „недоволната“ радикалност на групацијата што ја воспостави Осама бин Ладен. По повеќе од пет години, оваа фуиндаменталистичка групација, особено по започнувањето на воените дејствија на Русија во Сирија, започна да ги губи териториите, и остана сведена само на селото Багуз, во ткн „американски“ сектор, кое беше нејзината последна енклава на реката Еуфрат која е ослободена во санотата.

„Денеска го објавуваме уништувањето на ткн организација Исламска држава и нејзината контрола над последната енклава во Багуз“, изјави командатнот на Сириските демократски сили (SDF), Мазлум Абди прославувајќи ја победата. Неговите борци со седмици го држеа Багуз во опсада, додека авионите на меѓународната коалиција предводена од САД го бомбардираа ова села, а во сабота курско-арпаските сили одржаа војна парада во чест на нивните 11.000 соборци кои загинаа во во борбите против Исламската дражава, а притоа беше интонирана и американската химна.

Но и покрај славеничката атмосфера, во саботата сѐ уште се слушале престрелки и артилериски ноган. Самиот Абди предупреди дека продолжува борбата против сктриените џебови на милитантите, кои ги држат помали групи во зафрлените пустински области на централна Сириа, а се притаени и во некои од пограничните градови во Ирак, од каде што вршат повремени напади и грабнувањеа,

САд веруваат дека челникот на групацијата, Аби Бакар ал-Бакдари се наоѓа во Ирак. Тој во 2014 година во средновековната џамија во Мосул, вториот по големина ирачки град, се прогласи за калиф и водач на сите муслимани. Меѓутоа, џихадистите во Авганистан, Нигерија и други држави и натаму делуваат неполоколебливо, а запандните разузнавачки служби сметаат дека нивните следбеници планираат нови напади.

Настанување на Исламската држава

Првично наречена Ирачката држава во Ирак и на Левантот (ISIL) имаше намера да го обнови средновековниот сунитски калифат кој опфаќа територии од медитеранскиот брег на Либан преку Сирија до ирачката планина Загрос,а ги обединуваше поранешните офицери на сунитскиот ирачки диктатор Садам Хусеин, радикалните салафистички групи и припадници на арапските племиња, коишто ги поврзува заедничкиот непријател .Џихадистите од Исламската држава се главниот покренувач на офанзивата со којашто во летото 2014 година беа освоени големи делови од северен и централен Ирак, кој се отцепи до глобалната терористичка мрежа Ал Каеда којашто ја смета за недоволно радикална, ги координира своите активности со цела низа други сунитски групации, како што се Војската на редот Накшбанди и Мухамедовата армија, иако нивната улога беш ограничена и меѓусебно се разликуваат. Војската на редот Накшбанди, наводно е блиска на вториот човек на Садам Хусеин, Езат ал-Дари, највисокиот функционер во поранешниот режим кој и по повеќе од деценија од соборувањето на Хусеин е во бегство. Кога станува збор, пак, Мухамедовата војска, којашто е блиска на дел од раководството на поранешната владејачка ирачка (социјалистичка) сега распуштена партија Баас, во која сунитите на Садам Хусеин го имаа главниот збор, оваа група се бореше против американските сили во Фалуџа во 2005 годна и повторно учествуваше во бунтот на мнозинските сунити во овој град минатата 2013 година. Сите тие овие групи ја добиваат логистичката поддршка од мрежата на партијата Баас. Меѓу нив се и припадниците на Муџахединската армија, којашто, исто така, е формирана од поранешните офицери во армијата на Садам Хусеин.

Во офанзивата против ирачктие владини сили учествуваа и две салафистички групи, Ансар ал-Суна, којашто ја презема одговорноста за многу напади врз американските сили за време на нивниот ангажман во Ирак, од 2003 до 2008 година кога загинаа близу 4.500 американски војници, како и Исламската војска, којашто исто така обединува поранешни офицери од садамовата армија. Меѓу бунтовниците, исто така, се наоѓаа и припадници на арапските племиња во регионот. Исламската држава исто така, беше една од најсилните бунтовнички сили кои заедно со другите групи на сунитската опозиција во Сирија, кај, пак, ја има поддршката од Западот, се бореа против сирискиот претседател Башар ал-Асад кој потекнува до алавитската (шиитска) заедница, ја прогласи Нинива, првата ирачка покраина којашто ја исвои, за дел од својата исламска држава и започна во неа да ги спроведува своите закони. Џихадистите заземаа и поголеми делови во уште три ирачки покраина, Киркук, Салахедин и Дијала, и цела седмица по почетокот на офанзивата се наоѓаа на само стотина километри од главниот град Багдад.

ИСИЛ е основана во април 2013 година, и настана од Ал Каеда во Ирак (AKI), а лидерите на глобалната терористичка мрежа се оградија од нив. Бројот на борците на ИСИЛ не е точно познат, а се претпоставува дека јадрото го сочинуваат дури пет илјади борци, меѓу кои многумина не се од Сирија и од Ирак, туку изајвуваа дека им пристапуваат џихадисти од Америка, западна Европа и Кавказот. Лидерот на групацијата, Абу Бакр ал-Багдади, кого неговите следбеници го сметаат за најверодостојниот наследник на Осама бин Ладен, беше познат и како „невидливиот шеик“, поради способноста да се маскира и да ги прекрие своите траги. Се верува дека е роден во 1971 година, во Самара, северно до Багдад, како и дека на сунитскиот бунт во Ирак му се придружил кусо по американската инвазија во 2003 година. На чело на Ал Каеда во Ирак (АКИ) дошол во 2010 година, а во борбените операции учествува и како командант икако стратег. Наводно, минал и четири години во американски затвор. Багдади сакал да соработува со Фронтот ан-Нусра, џихадистичка групација којашто дејствува во Сирија а во чиишто редови се борат стотина радикални исламисти од Балканот. Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири побарал од ИСИЛ Сирија да ја препушти на Фронтот ан-Нусра и да се посвети само на Ирак, што Багдади го одбил.

Во Сирија Исламскакта држава имаше база во градот Рака, кој го освои во март 2014 година. Градот се наоѓа во долината на реката Еуфрат, помалку од 200 километри од границата со Ирак. Џихадистите го контролираа секој аспект од животот во градот кој пред бунтот на сириската сунитска опозиција во март 2011 година имал 250 илјади жители. Имаа канцеларии за речиси сите сфери од животот, од здравство и образование до безбедност, воспоставуваат односи со локалните племиња и дури имаа амбасада на емиратот во Алепо, вториот по голема град во Сирија, кој беше поделен меѓу владините и бунтовничките сили. Строго го спроведуваа шеријатскиот закон и забранија пушење и слушање музика.

На врвот на овој свиреп и добро организиран режим беа Саудијци и Ирачани, во помала мера Тунижани, а на дното од хиерархијата се наоѓаат Сиријци, Египќани, Европејци и Чеченци. Емирот на ИД во Рака е Сириецот Абу Лукман, а повеќето одлуки ги носеа токму Саудијците и Ирачаните коишто целосно го опкружуваат. Највисоко рангирани борци се Ирачаните, меѓу кои се многу поранешни офицери и војници на Садам Хусеин. Со својата добра организираност и радикализмот Исламската држава во Ирак и на Левантот ги привлекува илјадниците млади Сиријци, додека Слободната сириска армија (FSA) којашто ја има поддршката од САД и западна Европа, беше многу послабо организирана и полошо опремена од ИД. Џихадистите се богати и добро вооружени, а платите ги исплаќаат редовно во американски долари. ИСИЛ во почетокот главно се потпирал на донациите на богати поединци од земјите на Персискиот залив, особено од Кувајт и од Саудиска Арабија, коишто исто какао и Западот ја поддржуваат борбата против алавитот (сунитот) Башар ал-Асад чиешто семејство е со децении на чело на Сирија.

Исламската држава се финансираше од приходи од нафтените полиња коишто ги контролираше на истокот на Сирија, од каде според некои извори дел од нафтата дури ѝ се продавала на владата во Дамаск. Некои информации говореа дека џихадистите парите ги заработуваа и со продажба на предмети од богатите археолошки наоѓалишта на сириска и ирачка територија. ИД, исто така, собираше и даноци во областите коишто ги контролира. Професрот Питер Неуман од Кралскиот колеџ во Лондон своевремено изнесе процена според која пред заземањето на Мосул во јуни 2014-та, ИСИЛ располагал со пари и стоки во вредност од 900 милиони американски долари, но дека сумата потоа нараснала на две милијарди долари. Голем дел од тоа, наводно е украден од трезорот на Ирачката анационална банка во Мосул, а следната цел на џихадистите беа нафтоносните полиња во северен Ирак.

Каде исчезнаа милитантите

Во текот на изминатите два месеца, околу 60.000 луѓе од областите под контрола на Исламската држава беа цел на офанзивата на SDF, со постојани бомбардирања и недостиг од храна. Интензивните водушни напади целосно разорија некои окрузи, а групите за човекови права тврдат дека се убиени и голем број цивили, кои сочинувале половина од оние, кои според тврдењата на SDF, побегнале од Багуз. Меѓу нив биле и жени и деца од етничко-
Конфесионмалната група Јазиди кои биле сексуални робинки на милитантите.

Енклавата ја напуштија десетици илјадници следбеници на Исламската држава, вклучително и многи жени од странство кои се омажиле за џихадистите. Коалицијата ги држи во логори, но досега нема ниту процена за бројот на убиените или заробени џихадисти. Тие стануваат проблем за западните земји чии државјани се жените и милитантите, кои ги сметаат за безбедносна закана и не сакаат повторно да ги примат.

Во своето соопштение меѓународната антитерористичка коалиција предводена до САД прецизираше дека од почетокот на операциите во 2014 година „биле ослободени околу 110.000 квадратни километри од Исламската држава“. „Како реултат на тоа, 7,7 милиони луѓе веќе не живеат под јаремот на Исламската дрќава“, се наведува во соопштението. Командантот на операцијата Inherent Resolve (Непоколеблива решителност) притив ИД во Сирија и Ирак, генерал-полковникот Пол Лакамера, потсети дека коалицијата опфаќа 74 земји и пет меѓународни организации.

„Но да нема запаѓаме во заблуда. Исламската држава ги сочува своите сили. Тие се принудени да донесат одлука да го сочуваат она што останачпо од нивните трупи и способноста, потпирајќи се на нивните луѓе во камповите за внатрешно раселените сили и заменувањето во оддалечените региони. Тие го чекаат погодното време за да се вратат“, вели генералот.

Истакнува притоа дека многи од ослободените жители на Богуз се членови на семејствата на терористите, а коалицијата заедно со меѓународната заедница мора да вложи напори за нивното реинтергрирање во општеството. Лакамера објаснува дека коалицијата ќе продолжи да работи заедно со SDF во обновувањето на регионот и борбата против идеологијата на Исламската држава.