Британските парламентарци ги отфрлија сите алтернативи за договор со ЕУ за брегзитот

Британските пратеници во Долниот дом на парламентот не поддржаа целосно во средата доцна вечерта ниту една од осумте опции за натамошните дејствија кога станува збор за истапувањето на Велика Британија од Европската унија, демонстрирајќи дека тие се категорично против раздружувањето без договор на 12-и април и идејата за нов референдум ужива најголема поддршка.

Против брегзитот без договор по продолжениот краен датум на 12-ти април гласаа 400 пратеници за 160 беа „за“. За идејата за договорот со ЕУ да биде ставена на плебисцит беа 268, а се спротиставија 295 британски пратеници. Во моментов пратениците дискутираат за идните планови. Можно е најпопуларните опции да бидат ставени на повторно гласање, пренесуваат британските медиуми.

Посебно, законодавците гласаа против одржувањето на референдумот за одобрување на резултатите од преговорите за брегзитот, целосното откажување од напуштањето на ЕУ и излегување од ЕУ без договор, пристапот на Обединетото Кралство во Европската асоцијација за слободна трговија и продолжување на членството во Европската економска зона, останување на земјата во заедничкиот царински сојуз, како и склучувањето преференцијални трговски договори со ЕУ во услови на неможност да се склучи договор.

Отфрлен беше и алтернативниот план на опозициската Лабуристичка партија, за зачувување на членството на Британија во царинскиот сојуз со ЕУ и внимателно усогласување на британските трговски правилата коишто владеат на единствениот европски пазар.

Британските парламентарци во средата почнаа да гласаат за алтернативите за брегзитот додека премиерката Тереза Меј се обидува да ја задржи контролата над процесот за британското излегување од ЕУ и над својата партија. Парламентарците изгласаа во понеделникот преземање на контролата во Долниот дом на парламентот над брегзитот поради неможноста да се постигне договор за тоа дека земјата треба да ги спроведе резултатите од референдумот од 2016 година кога 52 отсто од гласачите се изјаснија за истапување на ЕУ.

Почетокот на расправата за ткн индикативните гласови започна по 15 чласот, а гласањето се одржа подоцна во средата. Меѓу можностите беше и опцијата за втор референдум за брегзитот, договорот на Меј со ЕУ, како и договорот кој Обединетото Кралство би го оставил во близок однос со ЕУ.

Сепак, конечниот резултат веројатно нема да биде познат во средата, имајќи го предвид бројот предложени алтернативи. Вториот круг од гласањето се очекува во понеделник. Челниците на ЕУ ѝ дадоа две опции на Тереза Меј на самитот на 21-ви и 22-ри март. Или британските пратеници оваа седмица ќе изгласаат повлекување и Велика Британија уредно ќе излезе од ЕУ со одложувањето до 12-ри април, или договорот ќе биде отфрлен, а Лондон до 12-ти април ќе претстави алтернатива и ќе бара ново одложување коешто ќе го обврзе да ги спроведе изборите за Европскиот парламент кон крајот на мај, што всушност ќе значи останување во ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.